Во услови на светска пандемија, со ограничен број на натпреварувачи и со специфични мерки и протоколи се одржа второто издание на „Трчај бе“. Сепак, тоа не влијаеше врз атмосферата и Битола повторно се покажа како одличен домаќин. Дарио Ивановски славеше на 10км во машка категорија, поставувајќи нов рекорд на патеката, а Адријана Поп Арсова беше најбрза кај дамите.
Официјални резултати:
10 км Мажи:
10 км Жени:
5 км Мажи:
5 км Жени:
Во екипното натпреварување на 10 километри во машка конкуренција, најбрза беше екипата на „НРЦ – Најк + Ран Клуб“ со вкупно време од 02:36:57, следуваше „АК Делта“ со 02:37:06 и „КорРанерс“ со 02:46:21. Кај дамите во истата конкуренција вкупно најбрзо време имаа „КорРанерс“ со 03:23:34, „НРЦ – Најк + Ран Клуб“ беа на второ место со 03:40:27, а екипата на „Охрид Трчат“ имаа трето најбрзо време со вкупен резултат од 03:43:24.
На „петка“ кај машките тимови најбрзи беа „Бтобет“ со 01:24:00, „Ери Корпорејшн“ следуваа со 01:33:57, а место на подиумот си резервираа и „Таскфорс“ со вкупен резултат од 01:39:00. Кај дамите, прво место зазеде тимот „Синлес“ со вкупен резултат 01:49:58, втори беа „Таскфорс“ со 01:53:21 а на трето место заврши екипата „Брзи и бесни“ со резултат 02:07:14.
Оваа година имавме и неколку категории по возрасни групи. На 10 километри кај мажите на 60+ години најбрз беше Борис Ѓорѓиев со резултат 47:43, а во категоријата 50-59 години Влатко Гроздановски со резултат 41:11. Кај дамите (50-59) најбрза беше Мица Наумчевска со резултат 54:43.
На 5 километри кај мажите на 60+ години најбрз беше Јован Василев со резултат 26:20, а во категоријата 50-59 најбрз беше Блаже Цоневски со 22:59. Кај дамите на 60+ најбрза беше Цвета Ѓорѓиева со 36:10, а во категоријата 50-59 Марија Котевска со 35:25.