Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, синоќа се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави.
Годинава, 21К трката беше селектирана од Атлетската федерација на Македонија да биде Национално првенство.
Покрај во полумаратон, учесниците трчаа и на пет и десет километри, учествуваа врвни атлетичари, рекреативци и вљубеници во трачањето, а најдобрите добија награди во фонд вреден 5.000 евра.
Преглед на резултатите:
Национално првенство во полумаратон:
Жени
Тамара Јолевска Попов 01:36:21
Весна Кираџиева 01:42:10
Жената Богатиновска Илиева 01:42:22
Мажи:
Дарио Ивановски 01:07:56
Жан Тосев 01:16:37
Мартин Трајановски 01:16:53
Трчај Бе 21к
Жени:
Миљана Ристиќ 01:28:07
Тамара Јолевска Попов 01:36:21
Весна Кираџиева 01:42:10
Мажи:
Дарио Ивановски 01:07:56
Тирон Мамуша 01:13:47
3.Жан Тосев 01:16:37
Трчај Бе 10к
Жени:
Адријана Поп Арсова 35:51
Душица Јанковиќ 44:11
Билјана Сивева 44:26
Мажи:
Иван Пешовски 33:30
Димитар Петровски 34:50
Миле Иванов 34:58
Трчај Бе 5к
Жени:
Николина Милевска Велјановска 20:24
Јана Стефановска 20:59
Радмила Јованова 21:05
Мажи:
Атанас Епов 16:06
Кристијан Наумовски 16:24
Григоријан Никовски 16:30
Беа доделени пехари и дипломи за екипи, признанија по возрасни групи, беа наградени најмладиот и највозрасниот учесник, а посебни награди добија и најбрзиот битолчанец и најбрзата битолчанка.