СОБЕРИ ЕКИПА, ПРИЈАВИ ТИМ ЗА ТРЧАЈ БЕ

Доколку сакате тимски да трчате на Трчај бе, постои можност да се пријавите како:

  • екипа-ученици и наставници од училишта
  • студенти и професори од универзитети
  • отворена категорија на друштво кое сака заедно да трча по одредено име
  • вработени во фирми, комапнии, агенции, државни институции, дипломатски претставништва.

Секоја од овие групи може да пријави повеќе од еден тим, можат да бидат поделени по пол, возраст или мешовити.

Минимум за пријава на група е 4 учесници.

период партиципација
од 15.04.2019 до 31.05.2019 250,00 денари по учесник
од 01.06.2019 до 31.07.2019 350,00 денари по учесник
од 01.08.2019 до 08.09.2019 450,00 денари по учесник

При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).
ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Trcaj Be тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Trcaj Be.
Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.
Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.

ПРАВИЛА

Општи напомени:

Превземање на учесничкиот пакет ќе биде најавено.
Откажување од учество и непредвидени околности: Учесникот може да се откаже од трката и нема обврска за тоа да го извести организаторот.
Во случај на откажување на учесникот или неможност да учествува во трката заради непредвидени околности, организаторот нема обврска да го врти уплатениот износ.
Важно: Цената на учесничкиот пакет зависи од датата на уплата (но, не од датата на пријавување). Пријавата станува важечка после евидентираната уплата на учесничкиот пакет.
Промена на трката не е возможна.
При регистрација користете важечка мејл адреса на која ќе добивате информации. Пријавете што поскоро, организаторот го задржува правото за ограничување на бројот на учесниците.

Право на учество во трките имаат сите македонски државјани и странски државјани, од сите возрасти, од двата пола, под следните услови:
Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).
Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.
Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.
Организаторот има право на денот на трката да го одбие учеството на тим или тркач кој носи маица со пораки кои поттикнуваат национална, верска или друга нетрпеливост.
Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок, доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.
Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на мејл адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број.

Напомена: Регистрацијата за трките се затвара на 08.09.2019.