- Стартен број со чип
- Техничка (dry-fit) маичка
- Станици за освежување на патеката и на целта
- Здравствено обезбедување на патеката и на целта
- pic2go персонални фотографии
- on-line резулати
- on-line диплома
- Подароци и ваучери од спонзори
- медал – за завршување на трката на 21км
период | партиципација |
До 15.07.2022 | 1.200 денари |
Од 16.07.2022 до 20.08.2022 | 1.500 денари |
- 300 евра – прво место
- 200 евра – второ место
- 100 евра – трето место
Награди се предвидени и за машка и за женска конкуренција
* Дополнително ќе бидат соопштени и ваучери кои победниците ќе ги добијат од нашите спонзори.
Секој учесник добива стартен пакет со реден број, маица, подароци од спонзорите.
Задолжително при пријавувањето е и големината на маицата.
Напомена: Организаторот го задржува правото на измена на содржината на стартниот пакет без претходна најава.
ПРАВИЛА
Превземање на учесничкиот пакет ќе биде најавено.
Откажување од учество и непредвидени околности: Учесникот може да се откаже од трката и нема обврска за тоа да го извести организаторот.
Во случај на откажување на учесникот или неможност да учествува во трката заради непредвидени околности, организаторот нема обврска да го врти уплатениот износ.
Важно: Цената на учесничкиот пакет зависи од датата на уплата (но, не од датата на пријавување). Пријавата станува важечка после евидентираната уплата на учесничкиот пакет.
Промена на трката не е возможна.
При регистрација користете важечка мејл адреса на која ќе добивате информации. Пријавете што поскоро, организаторот го задржува правото за ограничување на бројот на учесниците.
Право на учество во трките имаат сите македонски државјани и странски државјани, од сите возрасти, од двата пола, под следните услови:
Трките ќе се организираат под строги протоколи пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Заради тоа, тркачите треба да пристигнат на стартот 1 час пред почетокот на трката.
Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).
Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.
Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.
Организаторот има право на денот на трката да го одбие учеството на тим или тркач кој носи маица со пораки кои поттикнуваат национална, верска или друга нетрпеливост.
Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок, доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.
Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на мејл адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број.