ТРЧАЈ БЕ – приказна што се трча, не се раскажува

„Трчај Бе“ не е само трка – ова е најмасовниот спортски настан во Битола, движење што ги поврзува тркачите, спортот и заедништвото. Со секое издание, оваа приказна станува сè поголема, а улиците на градот се претвораат во патека каде што секој чекор е лична победа.

Во 2019 година, Битола ја доби својата прва градска трка. Оттогаш, „Трчај Бе“ расте, инспирира и станува симбол на енергијата што овој град ја носи во своите улици. Од 2022 година, Алпско е генерален спонзор на трката, поддржувајќи ги сите што веруваат во предизвикот и уживаат во секој освоен километар.

racing map icon symbolizing a race

Патеката низ годините

2019 – Првата градска трка на 5 и 10 км со 770 учесници.
2020 – Второто издание ја зацврсти „Трчај Бе“ како спортски бренд на градот.
2021 – Воведена нова дистанца од 21 км, а Битола стана домаќин на Балканското првенство во полумаратон.
2022 – Четвртото издание обедини 1.400 тркачи од 12 земји, потврдувајќи дека трката има меѓународен карактер.
2023 – Под слоганот „Кога една трка е повеќе од трка“, ова издание ги надмина границите на спортот и стана симбол на заедништво. Истата година беше организирано и првото издание на „Мини Трчај Бе“.
2024 – „Филм ми е да трчам!“ – шесто издание на „Трчај Бе“, каде секој учесник беше дел од својот личен филм, а секој километар беше сцена за победа. Ова беше најмасовната трка и трка со 1.800 учесници од 25 земји. Истата година, второто издание на „Мини Трчај Бе“ ги собра најмладите тркачи, кои со мали чекори направија големи подвизи.

Што го прави „Трчај Бе“ посебен?

Ова не е само спортски настан. Ова е момент кога секој учесник станува дел од една поголема приказна. Без разлика дали си искусен тркач или за првпат ги врзуваш патиките, оваа трка е твојата шанса да се предизвикаш, да уживаш и да бидеш дел од најубавата спортска традиција во Битола.

Битола, 2025 - Дали си подготвен/а?

1 јуни МИНИ ТРЧАЈ БЕ
14 септември ТРЧАЈ БЕ со Алпско
Let’s hit the pavement and keep the story going!

Изберете ја вашата трка

Трчај Бе 2025
(регистрации наскоро)

Главна трка
Дата: 14 септември 2025

Пријави се лесно и едноставно во само неколку чекори

Стартни Пакети