Често Поставувани Прашања

За да се регистрирате, треба да пополните два формулари:

  1. Формуларот за учесници
  2. Формуларот за купувачот (Billing Details)

и на крај, да ја комплетирате уплатата.

Во прилог ви ги набројуваме деталните чекори:

  1. Изберете ја трката за која сакате да се пријавите, кликнете на Регистрирај се и пополнете го формуларот за учесниците. Важно: можете да регистрирате повеќе од еден тркач одеднаш, и можете да регистрирате повеќе учесници за различните категории на трки одеднаш, на пр. 5K, 10K и/или 21K за главната трка.
  2. Откако ќе го пополните формуларот за учесниците, ќе бидете пренасочени кон кошничката каде што можете да ги проверите сите детали кои штотуку ги внесовте. Имајте предвид дека ви е доделен и Стартен Број, кој ќе биде потврден откако ќе ја извршите уплатата. Кликнете на Продолжи до наплата и ќе бидете пренасочени на страната за наплата.
  3. Откако ќе се најдете на страницата за наплата, треба да ги пополните Деталите за наплата. Ова е местото каде што ги пополнувате деталите за купувачот. Исто така, ќе биде побарано да креирате лозинка за вашата сметка. На тој начин, следниот пат кога ќе се регистрирате, системот автоматски ќе ги пополни вашите податоци за наплата.
  4. Откако ќе ги пополните Деталите за наплата, чекирајте „Ги прочитав и се согласувам со одредбите и условите на веб-сајтот“ и кликнете на „Кон наплата“
  5. Сега ќе бидете пренасочени на страницата за плаќање на нашата банка и треба да ги пополните вашите банкарски податоци. Откако ќе ги пополните деталите и ќе ја извршите уплатата, ќе бидете официјално регистрирани на нашата трка.

Најчести причини за неуспешно плаќање се: погрешни податоци за кредитна картичка, погрешен код (ако код за потврда е испратен преку смс), недоволно средства на вашата кредитна картичка итн.

Ако плаќањето е успешно, ќе бидете пренасочени на страницата за потврда на нарачката. Ќе добиете е-пошта со детали за купување и учесниците ќе бидат додадени на Стартната Листа:

Ако плаќањето НЕ е успешно, ќе бидете пренасочени назад на страницата Checkout каде што ќе ви излезе порака која ќе ви даде индикации зошто вашата нарачка е неуспешна.

За да се регистрирате, морате да го комплетирате плаќањето. Ако успешно сте се регистрирале и плаќањето е потврдено, ќе добиете ТРИ потврди:

  1. Ќе бидете пренасочени на страната за потврда каде ќе имате порака за успешно плаќање.
  2. Ќе добиете емаил дирекно на адресата која ја користевте при регистрација.
  3. Ќе бидете додадени на Стартната Листа.
Успешно плаќање - пренасочени сте на Страницата "Потврда за успешна нарачка" (Order Confirmation page)

Ако плаќањето е неуспешно, ќе бидете пренасочени на страницата за потврда на нарачката. На таа страна порака ќе биде прикажана дека плаќањето е неуспешно.

Неуспешно плаќање - во овој случај не сте регистрирани

Ова значи дека веќе е креирана сметка со адресата на е-пошта што ја користите. Веројатно сте се регистрирале порано, но сте заборавиле прво да се најавите.

Може да се случи и кога сте се обиделе да се регистрирате, но вашата уплата не била успешна. Во овој случај, веќе е креиран профил со таа адреса на е-пошта, така што прво треба да се најавите, а потоа, откако ќе се најавите, да ја завршите регистрацијата. Веќе добивте е-пошта во која се наведува дека вашиот профил е успешно креиран.

Промотивните цени за Главната Трка траат до 1ви Јуни 2024, 00:00.