останува уште малку до следната трка


00

days


00

hours


00

minutes


00

seconds


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА

ТРЧАЈ БЕ


„Трчај бе“ не е атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и им ракоплескаме и затоа ќе ја организираме првата градска трка во трчање. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри.

Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот. Така, на 15.09.2019 во Битола се одржa првата градска трка на 5 и 10 км со 770 пријавени натпреварувачи, а на 27.09.2020 се случи и второто издание на Трчај Бе. На 12.09.2021 го организиравме третото издание на Трчај бе, тогаш надградено со трка на 21 км и балканско првенство во полумаратон. Сега, подгответе се по четврт пат да ги истрчате битолските улици и по четврт пат да финиширате на славниот Широк Сокак.

Трчај бе има моќ да го промени животот на битолчани. Трчај бе ќе ве натера да почувствувате што значи да се придвижите и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце. Ние тоа ќе Ви го озвоможиме, за да почувствувате колку трчањето може да Ви го промени животот на подобро. Чест ни е да бидете Трчај бе тим со нас.


пријави се лесно и едноставно
само во неколку чекори


ПРИЈАВИ СЕ
ПОДИГНИ
СТАРТЕН ПАКЕТ
ТРЧАЈ БЕ
СПОДЕЛИ ГО РЕЗУЛТАТОТ

Трки

Секој учесник добива стартен пакет со реден број, маица, подарок од спонзорите. Задолжително при пријавувањето е и големината на маицата.

Трчај бе низ бројки

1200

Број на луѓе што се
приклучи на последното издание

2019

Организирана е првата трка на
Трчај бе во Битола

15,658

Вкупно истрчани
километри на трката

100+

пријавени тимови

ПРИЈАВИ СЕ