Мини Трчај Бе 2025
На 1 јуни – малите нозе прават големи подвизи на битолското шеталиште
Градскиот парк, битолското шеталиште, смеење што одекнува меѓу дрвјата – ова е патеката каде што најмалите тркачи стануваат јунаци на денот, по трет пат не’ очекува МИНИ ТРЧАЈ БЕ.На 1 јуни, Мини Трчај Бе не е само трка – ова е детска авантура, каде што секој чекор носи возбуда, а секоја насмевка е победа.
Што нè чека?
– Најразиграната тркачка патека во градот, каде што брзината не е најважна – туку радоста!
– Музика, анимации и навивачи што прават секој чекор да биде незаборавен.
– Медали и изненадувања за сите млади тркачи, затоа што тука сите се победници!
Пријавете ги малите тркачи и бидете дел од највеселата трка во Битола.
Дата: 1 Јуни 2025
Старт • 10:00
Локација: Градски парк Битола
Право на учество имаат деца родени 2013 година и подоцна, а ќе бидат поделени во следните категории
Деца родени 2020 г. и подоцна - 50 метри
Деца родени 2018 и 2019 - 100 метри
Деца родени 2016 и 2017 - 200 метри
Деца родени помеѓу 2013 и 2015 - 400 метри
Помали деца може да се натпреваруваат со постари, но не и обратно
Котизацијата за учество на трката е 700 денари
Стартен пакет за секој учесник:
Финишер медал за секое дете кое ќе ја помине целта
Маичка
Подароци од спонзорите
Торбичка
Фотографии од трката
Почетокот на трката ќе биде во 10:00 часот, на Градското шеталиште, но организаторот има право на дополнителни измени, за што навремено ќе известиме.
Стартот на секоја трка ќе биде одделен, а доколку се пријавени поголем број на деца во една категорија, ќе се поделат во групи. Исто така, во посебни групи ќе трчаат момчињата и девојчињата. Награди ќе добијат трите првопласирани момчиња и девојчиња, во секоја возрасна категорија.
Важно инфо: Секој учесник има право да се откаже од учество, но организаторот нема обврска да го врати уплатениот износ. Одговорноста на учесниците за здравјето и физичката состојба е на нивните родители или старатели. Организаторот не презема одговорност за изгубени предмети. Организаторот го задржува правото за измена на стартниот пакет.
Пријавите се отворени до 26.05.2025
700,00 Ден
