Мини Трчај Бе 2026
Мини Трчај Бе 2026
Дата: 31 мај 2025 Старт • 10:00
Локација: Градски парк Битола
Право на учество имаат деца родени 2014 година и подоцна, а ќе бидат поделени во
следните категории
Деца родени 2021 г. и подоцна – 50 метри
Деца родени 2018 – 2020 – 100 метри
Деца родени 2016 и 2017 – 200 метри
Деца родени 2014 и 2015 – 400 метри
Помали деца може да се натпреваруваат со постари, но не и обратно. Во случај на
сомнеж за возраста на натпреварувачите, организаторот има право да побара
дополнителни документи.
Котизацијата за учество на трката е 700 денари до 31.12.2025 година.
Стартен пакет за секој учесник:
Финишер медал за секое дете кое ќе ја помине целта
Маичка
Подароци од спонзорите
Торбичка
Фотографии од трката
Почетокот на трката ќе биде во 9:00 часот, на Градското шеталиште, но организаторот има
право на дополнителни измени, за што навремено ќе известиме.
Стартот на секоја трка ќе биде одделен, а доколку се пријавени поголем број на деца во
една категорија, ќе се поделат во групи. Исто така, во посебни групи ќе трчаат момчињата
и девојчињата. Награди ќе добијат трите првопласирани момчиња и девојчиња, во секоја
возрасна категорија.
Важно инфо: Секој учесник има право да се откаже од учество, но организаторот нема
обврска да го врати уплатениот износ. Одговорноста на учесниците за здравјето и
физичката состојба е на нивните родители или старатели. Организаторот не презема
одговорност за изгубени предмети. Организаторот го задржува правото за измена на
стартниот пакет.
700,00 Ден


