Трчај Бе 2025

Trcaj be 2025
14 Сеп 08:00
до 14 Сеп, 13:00 5h

Трчај Бе 2025

📅 14 СЕПТЕМВРИ 2025 | 08:00 – 11:00 ТРЧАЈ БЕ 2025 Официјална најава на 7. издание на омилената градска трка ТРЧАЈ БЕ со Алпско со голема возбуда го најавува седмото издание на трката која веќе одамна го надмина спортот – и прерасна во голем настан кој вклучува многу повеќе сегменти, од самото трчање. На 14 септември, улиците на Битола повторно ќе бидат живописна сцена за илјадници учесници, навивачи и волонтери. Уште едно утро посветено на здрав дух, познатата енергија на градот Битола, тимски дух на многу компании и спорт што обединува. Оваа година трчаме во нов ритам – со свежа визуелна и тематска кампања која наскоро ќе биде објавена. Ќе биде забавно, неочекувано, и веруваме – многу битолско.

🏁 Трки и стартни времиња: • 5.000 метри – старт во 08:30 часот • 21.097 метри (Полумаратон) – старт во 08:35 часот • 10.000 метри – старт во 08:40 часот Организаторот го задржува правото на измени во стартните термини, за што ќе следуваат навремени известувања преку официјалните комуникациски канали. ⸻

🏆 Награди за најдобрите (машка и женска конкуренција): Полумаратон (21К) • 1. место – 500 € • 2. место – 300 € • 3. место – 200 € 10К трка • 1. место – 300 € • 2. место – 200 € • 3. место – 100 € 5К трка (спонзорирани од Стевче Ѓорѓиевски, поранешен рекордер на 5.000м) • 1. место – 6.000 денари • 2. место – 5.000 денари • 3. место – 4.000 денари Дополнително ќе бидат соопштени и специјални ваучери од спонзорите за победниците во сите категории.

🎽 Стартни пакети: Сите учесници добиваат: • Стартен број со чип • Освежителни станици и здравствена поддршка • pic2go персонални фотографии • онлајн резултати и диплома • медал за завршување на трката • производи и ваучери од партнери

Дополнително: 📦 5К трка – памучна маичка 📦 10К трка – dry-fit маичка 📦 Полумаратон 21К – dry-fit маичка + капа

💳 Котизации: • 5К: 1.000 ден. • 10К: 1.300 ден. • 21К: 1.500 ден. Цените важат заклучно со 8.09.2025. Пријавата станува важечка по евидентирана уплата.

👥 ТИМСКИ ПРИЈАВИ: Тимски пријави се овозможени за сите трки и категории: • училишта (ученици и наставници) • универзитети (студенти и професори) • неформални тимови • фирми, институции и амбасади За рангирање е потребно најмалку 4 учесници од ист пол. Времињата на најдобрите 4 од тимот се земаат за екипниот пласман. Секој учесник може да трча за само еден тим.

‼️ Важно: Името на тимот мора да биде напишано идентично за сите членови во пријавата, во полето “Клуб/Team Building“.

📜 Дополнителни категории: • Дипломи за најдобрите во категоријата 60+ (машка и женска) • Рангирање по возрасни категории според правилата на АФМ

⚠️ Правила и услови: Трката се одвива според правилата на IAAF и АФМ. Секој учесник сам е одговорен за својата здравствена состојба. Забрането е користење на средства за превоз (ролери, велосипеди и слично). Во случај на откажување на трката поради виша сила или ограничувања, уплатените средства не се враќаат, но пријавата ќе важи за следната година.

📲 Повеќе информации, пријавување и галерија од минатите изданија:

🌐

📸 Instagram & Facebook: @trcaj.be

14 Сеп
Oд 1.000,00 Ден
1.000,00 Ден - 1.500,00 Ден
This event has ended
Скенирај го кодот