Услови за учество
Трките ќе се организираат под строги протоколи пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Заради тоа, тркачите треба да пристигнат на стартот 1 час пред почетокот на трката.
Трките ќе се организираат во согласност со Прирачникот за Урбани Трки На Интернационалната Атлетска Федерација и Македонската Атлетска Федерација.
Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.
Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.
Организаторот има право на денот на трката да го одбие учеството на тим или тркач кој носи маица со пораки кои поттикнуваат национална, верска или друга нетрпеливост.
Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок, доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.
Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
Политиката на откажување можете да ја прочитате на овој линк.
Организаторот го задржува правото за промена на стартните броеви пред почетокот на трката, ако е неопходно.
Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на мејл адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број.