Mini Trcaj Be 2024
favorite_border
09 Јун 11:00
до 09 Јун, 13:00 2h

Мини Трчај Бе 2024

МИНИ ТРЧАЈ БЕ по втор пат - како јагода на шлагот пред крајот на учебната година

Добредојдовте најмали и најслатки МИНИ ТРЧАЈ БЕ учесници на првата битолска детска трка

Дата • 9 Јуни, 2024
Старт • 11.00ч
Локација • Градски парк Битола

Право на учество на трката ќе имаат сите деца од 4 до 12 години, кои ќе бидат поделени во следните категории:

4 години – трка на 250 метри
5 години – трка на 250 метри
6 години - трка на 250 метри
7 години - трка на 250 метри
8 години - трка на 400 метри
9 години - трка на 400 метри
10 години - трка на 400 метри
11 години - трка на 500 метри
12 години - трка на 500 метри

Котизацијата за учество на трката е 600 денари

Стартен пакет за секој учесник:

Финишер медал за секое дете кое ќе ја помине целта
Маичка
Подароци од спонзорите
Торбичка
Фотографии од трката

Почетокот на трката ќе биде во 11:00 часот, на Градското шеталиште, но организаторот има право на дополнителни измени, за што навремено ќе известиме.

Стартот на секоја трка ќе биде одделен, а доколку се пријавени поголем број на деца во една категорија, ќе се поделат во групи. Исто така, во посебни групи ќе трчаат момчињата и девојчињата. Награди ќе добијат трите првопласирани момчиња и девојчиња, во секоја возрасна категорија.
Важно инфо: Секој учесник има право да се откаже од учество, но организаторот нема обврска да го врати уплатениот износ. Одговорноста на учесниците за здравјето и физичката состојба е на нивните родители или старатели. Организаторот не презема одговорност за изгубени предмети. Организаторот го задржува правото за измена на стартниот пакет.

Пријавите се отворени до 01.06.2024.

Организатор на трката • Здружението на луѓе со желба за трчање ТРЧАЈ БЕ

Регистрирај го твоето учество
600,00 Ден
Скенирај го кодот