Trcaj Be 2024
favorite_border
22 Сеп 08:00
до 22 Сеп, 11:00 3h

Трчај Бе 2024

ТРЧАЈ БЕ со Алпско го најавува своето 6 издание

И ова нема да биде уште едно издание на омилената градска трка, ова ќе биде филмско издание, зошто трката е во викендот кога започнува 45-то јубилејно издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки”.

Затоа, подгответе се да трчате низ градот кој ги носи најголемите ѕвезди на кинематографијата, во викендот кога кон Битола се свртени сите рефлектори на филмската светска јавност и почувствувајте го сјајот и магијата кои ги создава седмата уметност.

ФИЛМ МИ Е ДА ТРЧАМ - е слоганот на ТРЧАЈ БЕ за оваа година, а ние Ве очекуваме на трката која по многу нешта е посебна.

Изберете една од трите трки /5К, 10К, 21К/
и трчајте на црвениот килим на филмска Битола.

Трки
• Трка 5.000 метри – почеток во 08:00
• Полумаратон – почеток во 08:05
• Трка 10.000 метри – почеток во 08:10

* Организаторот го задржува правото да го промене времето на стартот, за што ќе следува дополнителна информација на креираниот настан на фејсбук, нашата веб-страна и на сите дигитални канали преку кои комуницираме со јавноста.

Награди

Награди се предвидени за најдобрите 3 на полумаратонот, во машка и женска конкуренција.
• 1. место 500 евра
• 2. место 300 евра
• 3. место 200 евра

Награди се предвидени за најдобрите 3 во трката на 10.000м во машка и женска конкуренција:
• 1. место 300 евра
• 2. место 200 евра
• 3. место 100 евра

Награди се предвидени за најдобрите 3 во трката на 5.000м во машка и женска конкуренција, спонзорирани од поранешниот рекордер на Македонија на 5.000м Стевче Ѓорѓиевски
• 1. Место 6.000,00 денари
• 2. Место 3.000,00 денари
• 3. Место 2.000,00 денари

Дополнително ќе бидат соопштени и ваучери кои победниците на 5, 10 и 21 километри во машка и женска категорија ќе ги добијат од спонзорите.

Стартен пакет Полумаратон
• Стартен број со чип
• Dry-fit маичка
• Станици за освежување на патеката и на целта
• Здравствено обезбедување на патеката и на целта
• pic2go персонални фотографии
• on-line резулати
• on-line диплома
• Производи и ваучери од спонзори
• Медал - за завршување на трката

Стартен пакет 10 км
• Стартен број со чип
• Dry-fit маичка
• Станици за освежување на патеката и на целта
• Здравствено обезбедување на патеката и на целта
• pic2go персонални фотографии
• on-line резулати
• on-line диплома
• Производи и ваучери од спонзори
• Медал - за завршување на трката

Стартен пакет 5 км
• Стартен број со чип
• Dry-fit маичка
• Станици за освежување на патеката и на целта
• Здравствено обезбедување на патеката и на целта
• pic2go персонални фотографии
• on-line резулати
• on-line диплома
• Производи и ваучери од спонзори
• Медал - за завршување на трката

Котизација
• 5 km race: - 900.00 denars as of 31.05.2024, and from 01.06.2024 to 10.09.2024 it will be 1,000.00 denars
• 10 km race: – 1,200.00 denars, ending on 31.05.2024, and from 01.06.2024 to 10.09.2024 it will be 1,300.00 denars
• Half marathon: - 1,400.00 denars as of 31.05.2024, and from 01.06.2024 to 10.09.2024 it will be 1,500.00 denars

*Маица во стартниот пакет за сите трки, ќе добијат само учесниците кои ќе се пријават заклучно со 31.08.2024

СОБЕРИ ЕКИПА, ПРИЈАВИ ТИМ ЗА ТРЧАЈ БЕ со АЛПСКО

За учесниците во трката на 5км, 10км и 21 км предвидено е и тимско рангирање на најуспешните. Доколку сакате тимски да трчате на Трчај бе, постои можност да се пријавите како:
• екипа-ученици и наставници од училишта
• студенти и професори од универзитети
• отворена категорија на друштво кое сака заедно да трча по одредено име
• вработени во фирми, компании, агенции, државни институции, дипломатски претставништва

Секоја од овие групи може да пријави повеќе од еден тим. Ако сакате вашиот тим да се најде на ранг листата во трката на 5 км, 10км и 21км, тогаш тимот треба да брои најмалку 4 натпреварувачи/ки. Максималниот број на натпреварувачи/ки во тимот не е ограничен. На пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи/ки во рангирањето за вашиот тим ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи/ки. Ќе има рангирање во две категории – мажи и жени. Еден натпреварувач има право да учествува само за еден тим. При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашиот тим

ВАЖНО! Името на тимот мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од ист тим. На пример, ако името на вашиот тим е Trcaj Be, тогаш треба сите членови од тимот при пријавување да го одберат името Trcaj Be.

ВОЗРАСНИ КАТЕГОРИИ Во зависност од бројот на натпреварувачи, ќе имаме и ранг по возрасни категории и тоа
- 45 - 49 години
- 50 - 59 години
- 60 + години
* Дипломи од организаторот ќе добијат најдобрите во конукренција 60+ години и тоа во машка и женска категорија

Правила за учество

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Забрането е да се користат ролери, скејтборд, велосипеди и други средства за превоз.
Организаторот има право на денот на трката да го одбие учеството на тим или тркач кој носи маица со пораки кои поттикнуваат национална, верска или друга нетрпеливост.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Право на учество во трките на 10 иммат лица кои на денот на трката се постари од 14 години, додека право на учество на трката на 21 км имаат лица кои на денот на трката се постари од 16 години.

Откажување од учество и непредвидени околности: Учесникот може да се откаже од трката и нема обврска за тоа да го извести организаторот. Во случај на откажување на учесникот или неможност да учествува во трката заради непредвидени околности, организаторот нема обврска да го врати уплатениот износ.

ВАЖНО: ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ НА ТРКАТА ПОРАДИ ВИША СИЛА ИЛИ ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ/ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАНИ, УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА НЕ СЕ ВРАЌААТ НАЗАД, А УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ПРИЈАВАТА ДА ЈА ПРЕФРЛАТ ЗА ИДНАТА ГОДИНА.

Важно: Пријавата станува важечка после евидентираната уплата на учесничкиот пакет.
Промена на трката не е возможна. Со пријава и уплата на средствата се смета дека се согласивте со правилата за учество.
Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет. Организаторот ќе се потруди, но не гарантира за избраната величина на маица при подигање на стартниот пакет.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ТРКАТА, ПАТЕКАТА И КАКО БЕШЕ НА МИНАТИТЕ ИЗДАНИЈА НА ТРЧАЈ БЕ – НА НАШАТА ВЕБ-СТРАНА WWW.TRCAJ.BE И НА НАШИТЕ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Регистрирај го твоето учество
Oд 900,00 Ден
900,00 Ден - 1.400,00 Ден
Скенирај го кодот